Оди на главната содржина Оди на главното мени Оди на пребарување

Различен поглед на убавината

Бидејќи сме од Шведска, имаме различен поглед на убавината. Според нас, убавината е повеќе од надворешниот изглед, таа ги опфаќа и животниот стил, чувствата и делата. Таа е начин на живот: здравје, прекрасна кожа, изразување и забава. Убавината значи самодоверба и рамнотежа во животот. Рамнотежа што доаѓа однатре и ти дава контрола, без разлика на тоа што се случува во твојот живот. Рамнотежа што ти овозможува да растеш и да напредуваш.

Веруваме и во одговорна убавина, создавање безбедни производи што се инспирирани од природата и овозможени од науката. Производи со еко-етички проверени состојки, на кои можеш да им веруваш.

Тоа е шведска убавина, нашиот начин да ти помогнеме да водиш поздрав и поубав живот.

 

 

УБАВИНА ОД ШВЕДСКА ЗНАЧИ ЗДРАВ ЖИВОТ

Кога се чувствуваш добро, тоа се познава. Веруваме дека клучот да се чувствуваш добро е да бидеш активен, друштвен и да уживаш во животот. Како шведски бренд, веруваме и во моќта на природата. Поради тоа создаваме научно тестирани велнес-производи и производи за убавина со природни состојки. Исто така, веруваме дека сите можат да го подобрат својот живот, со воведување мали промени секој ден.

УБАВИНА ОД ШВЕДСКА ЗНАЧИ ПРЕКРАСНА КОЖА

Веруваме дека секој може да има здрава, свежа и блескава кожа. Поради тоа го истражуваме и го користиме најдоброто од природата, со помош на иновативна наука. Резултатот? Безбедни и делотворни линии за нега на кожа што одговараат на потребите на сите типови кожа.

УБАВИНА ОД ШВЕДСКА ЗНАЧИ ЛИЧНО ИЗРАЗУВАЊЕ

Твојата индивидуална убавина е нешто што го славиме и сакаме да ти помогнеме да го изразиш на свој начин. Поради тоа нашите производи ги следат најновите трендови и се создадени да одговараат на стиловите и можностите на сите. Вистинската убавина не треба да се поседува, таа треба да се цени и споделува.

УБАВИНА ОД ШВЕДСКА ЗНАЧИ ЛИЧЕН УСПЕХ

Сите треба да имаат можност да ги исполнат своите соништа и да живеат среќен и успешен живот. Поради тоа веруваме дека основањето свој бизнис треба да биде достапно за сите. Ние ти нудиме можност да имаш свој бизнис, така што ти ги даваме алатките и обуката што ти се потребни за успех, по симболична цена. Како дел од нашата глобална заедница сите имаат можност да заработат, да изградат свој бизнис, да патуваат низ светот и да направат прекрасна промена.

ПРИДРУЖИ НИ СЕ