Опис
Ароматизирај ги твоите најинтензивни љубовни моменти со Eclat Toujours Intensité – длабоко машки, крајно романтичен, ароматичен фужер.
Од горните ноти на цитрус и носталгични цветови до впечатлив акорд na топла растителна кожа, мирисот е вткаен со елегантни контрасти, кои потсетуваат на софистициран кантри-клуб.
Eclat Toujours Intensité го отелотворува опсегот на интензивни емоции доживеани во топлината на крајното ветување на љубовта и ги заклучува во спомени кои треба да се чуваат засекогаш.
Eclat Ouvert Intensité е креација на парфимерите Guillaume Flavigny и Nadège Le Garlantezec.
Создадено со акорд од растителна кожа
Содржи природно масло од пачули
Алкохол од природно потекло
Начин на користење
Напрскај на пулсните точки на твоето тело, на пример вратот или зглобовите.
Состојки
Мирисот се отвора со блесок во очите. Свежите, пенливи горни ноти на кора од лут лимон и акорд на тоник се попрскани со зачинет црн пипер.
Земјените, тревни ноти на гераниум и лавандa шепотат слатки зборови во срцето, обоени со смолести тонови на лабданум.
Конечно, мирисот заведува со своите сензуални, елегантни тајни. Рафинираното кедрово дрво и возбудливиот акорд од растителна кожа зрачат со длабока, доверлива мажественост, додека галењето на пачули ги препишува правилата на мажественоста со страст.
Семејство мириси
Ароматичен фужер
Ноти
ГОРНИ НОТИ: лимон, црн пипер, акорд на тоник
СРЦЕВИНА: гераниум, лаванда, лабданум
ОСНОВНИ НОТИ: кедрово дрво, пачули, акорд од растителна кожа
ОСНОВНИ НОТИ: кедрово дрво, пачули, акорд од растителна кожа
Акорд од раститлна кожа
Нашиот акорд од растителнакожа е рекреација на врвна кожа, штавена со користење на растителни танини од даб. Елегантниот мирис ја отелотворува машката топлина, сила и сензуалност, давајќи примамлив, заводлив превез на кожата. Олицетворение на парискиот savoir-faire.
За Eclat
Рејтинг и Оценки
Информации за испорака
Цена за достава:
Достава на домашна адреса -159 ден.
Достава до Спонзорска станица - 109 ден.
Бесплатна достава со купен производ од Програма за бесплатна достава