Начин на користење
За најдобри резултати нанесувај наутро и навечер како дел од NovAge рутината во четири чекори.
ЧЕКОР 4: ХИДРАТАЦИЈА - ОБНОВУВАЊЕ И ЗАШТИТА
Како најгусти производи во твојата рутина, дневниот и ноќниот крем ти овозможуваат последен слој од активни и хидратантни состојки. Овие креми имаат различна функција, поради што ти се потреби и двата. Дневниот крем е создаден да ја штити кожата од дневните штетни влијанија, додека ноќниот крем е создаден да ја регенерира, обнови и задржи нејзината хидратацијата додека спиеш.
- Нанеси по серумот наутро.
- Испумпај еднаш од кремот.
- Нанеси крем во вид на точки на челото, носот, образите и брадата.
- Нежно тапкај или масирај го кремот рамномерно по лицето и вратот додека не се апсорбира.
- Избегнувај ја областа околу очите.
Состојки
Специјално создаден за чувствителна кожа со Ultra Calm Технологија заедно со 3D заштита од загадување и СПФ 30.
ULTRA CALM Технологија
Ultra Calm технологијата е природна, која дејствува на повеќе нивоа за да ја врати оптималната состојба на чувствителната кожа.
- Ја смирува иритираната кожа со деактивирање на воспалителните реакции на надразнувачи.
- Ја враќа хидратацијата со зголемување на нивото на NMF (природни навлажнувачки фактори) во бариерата на кожата, кои ја привлекуваат и задржуваат водата.
- Ја зајакнува кожата со оптимизирање на организацијата на корнеоцитните клетки и екстрацелуларните липиди за цврста, сигурна конструкција.
- Помага да се ребалансира микробиотата на кожата со инхибиција на непожелните биофилмови да се формираат на површината на кожата.
3D Заштита од загадување
Загадувањето може да биде поттик за чувствителна кожа - честичките од загадувањето содржат хемикалии кои можат да се апсорбираат од кожата кои можат да ги нарушат нормалните функции на кожата. 3D заштитата од загадување е природна технологија, дизајнирана да спречи допир на честичките од загадувањето со кожата. Технологијата комбинира два биополимери - извлечени од растенија, кои меѓусебно се поврзуваат за да формираат густа структура слична на мрежа. Мрежата е целосно незабележлива за сетилата, но практично непробојна за штетните честички на загадувањето, дејствува како втора кожа за да ги спречи да дојдат во контакт со твојата.
Како секундарна придобивка, мрежата формирана од 3D заштитата од загадување, исто така, нуди придобивки од тензорот, за да обезбеди ефект на подигање и зацврстување.
3D заштитата од загадување е природна биополимерна технологија, која формира невидлива мрежа што дејствува како втора кожа за да те заштити од штетните честички од загадувањето.
СПФ 30
УВ филтрите што се користат во NovAge Skinrelief докажано обезбедуваат заштита со СПФ 30 од УВБ зрачење.
За NovAge
Рејтинг и Оценки
Информации за испорака
Цена за достава:
Достава на домашна адреса -159 ден.
Достава до Спонзорска станица - 109 ден.
Бесплатна достава со купен производ од Програма за бесплатна достава