Оризови протеински колачиња со Елена Бубало

Ајде заедно да подготвиме брзи оризови колачиња со Natural Balance протеински шејк за само неколку минути!

Лесен и брз рецепт за подготовка на вкусни протеински колачи со експандиран ориз.

За подготовка ќе ви бидат потребни:

50гр. експандиран ориз
100% какао - по желба
3 дози Natural Balance шејк од чоколада
4 лажици мед 
5 лажици растопено кокосово масло
3 лажици путер од кикирики
200мл. вода (по потреба)

Убаво измешајте ги сите состојки и ставете ги во силиконска модла или рамна плитка тава обложена со нелеплива хартија.
Оставете ја смесата во ладилник најмалку 1час за да се стврдне, а потоа исечете ја на парчиња според саканата големина и послужете.

На здравје!