Мириси: Сакаш да патуваш? Да

Што и да правиш, престани сега. Земи го палтото. И замини. Звучи прекрасно, нели? Сите сакаме да НЕ МОРА да планираме и да бидеме спонтани. Во тоа се состои суштината на возбудливиот живот и на возбудливиот нов мирис. Продолжи да читаш и инспирирај се...

Каде во светот? Секаде.

Дури и да не можеш да отидеш на летање со параглајдер на Андите или на прошетка низ полиња со лаванда во Франција токму во овој момент, ние откривме мирис што е добра замена. Овој мирис е како суштината на патувањето, суштината на авантурата и романсата и како дух што исполнува желби и, исто така, е сместен во мало шишенце.

Светот во шишенце. Ова беше големата амбиција на познатите парфимерки Фани Бал и Каролин Димир кога го создадоа својот нов инспиративен мирис Born to Fly. Сакаа да го доловат чувството на возбуда и адреналин, како кога се возиш во кабриолет кон некоја непозната дестинација. Нивниот мирис e отелотворение на ваквите искуства.

Добриот мирис може да те одведе на друго место само за еден миг. Со инспирација од крушата наши од Јапонија, агаве-нектарот од Мексико и морскиот ветрец од Мадагаскар, сè што треба да направиш е да ги затвориш очите и таму си.

Може да ги оставиш куферите дома (и не мораш да размислуваш за студениот февруари). Born to Fly е совршениот билет за немирните срца.

Текст: