Најнов тренд: CC Крем... за вашата коса!

До сега веројатно сте добро запознаени со CC кремите за вашата кожа, но дали сте слушнале за најновиот производ од индустријата за убавина: CC крем за вашата коса? Ветува дека ќе ја измазни, заштити и ќе го подобри изгледот на вашата коса, еве како:

Што е Cc крем за коса?

Многу слично како и својот својник за нега на кожа, CC кремот за коса е повеќенаменски производ кој ветува високо ефективни резултати. Достапен како балсам, крем или спреј, тој обезбедува 10 разубавувачки ефекти. Идејата е да ги оставите посебните производи за нега, кондиционирање и стилизирање  и да ги замените со само еден - овој - зарем тоа не звучи одлично? 

Како дејствува?

Тоа е производ кој не се измива, и дава 10 придобивки со само едно шприцнување. Исто како и BB и CC кремите за нега на кожа, тој навлажнува, негува, има својства против стареење и ги блокира УВ-зраците, CC кремот ги собира сите ваши потреби за нега на кожа во еден производ. Дел од состојките кој може да очекувате дека ги содржи се омега масни киселини, антиоксиданси, УВ-филтер и природни масла.

CC производот исто така додава влажност, го контролира разлетувањето и ги скротува разлетаните прамени, па затоа оние со посебно оштетена и сува коса ќе го обожуваат. Овие производи исто така додаваат волумен, ја отплеткуват косата, ја негуваат и обезбедуваат превенција против раздвокјување на врвовите, ја штитат косата од топлина и го намалуваат кршењето - и да, се ова е еден производ.


Kои активни состојки не смеам да ги пропуштам? 

Wellness-познаниците ќе бидат добро запознаени со предностите на омега масните киселини. Покрај тоа што имаат многу придобивки за телото, омега-3 и 6 ги таргетираат нашата коса и здравје исто така. Тие длабински ја негуваат косата за да и ја вратат влажноста, правејќи ја косата полесна за одржување. Овие нутриенти навлегуваат во коренот на косата и ја зајакнуваат однатре за да ја заштитат и да ја спречат појавата на раздвоени врвови. Затоа ви велиме не ги скокнувајте омега масните киселини, Исто така препорачуваме да им обрнете внимание и на антиоксидансите и УВ-филтрите во вашиот производ.


Зошто ми е потребен? 

Едноставно е: ќе ја скратите рутината за нега на коса на еден чекор. Зафатените жени (па и мажите) можат да уживаат во бројните предности со само еден производ - убедени сме во тоа.

Текст: Фотографии: Fotolia