9 митови за убавина - разбиени!

Светот на убавина е полн со разни приказни, но дали можеби некои од нив се вистина? Избравме некои од најпознатите митови за убавина за да дознаеме.

1. АКО ИМАТЕ МРСНА КОЖА, НЕ ТРЕБА ДА КОРИСТИТЕ МАСЛА 
Не е вистина. Луѓето со мрсна кожа обично избираат производи што ги отстрануваат мастите од кожата - а тоа е лоша идеја. Тоа само предизвикува кожата претерано да компензира преку произведување на уште повеќе масти, што води до појава на мозолчиња. Она пто е важно е да го одберете маслото соодветно за вашата мрсна кожа. 

2. СТАРЕЧКИТЕ ДАМКИ СЕ НЕИЗБЕЖНИ - СТАРЕЕЊЕ
Многу фктори предизвикуваат појава на “старешки дамки” вклучувајќи ги генетиката, хормоналните промени, изложеноста на сонце и да, годините. Најдобриот начин да кој можете да ја превенирате појавата на хиперпигментација е секојдневно да носите средства со заштитен фактор и да кожата да ја третирате со специјални производи.

3. СКАПИТЕ ПРОИЗВОДИ СЕ ПОДОБРИ ОД ПОЕФТИНИТЕ
Вистината е следнава: ако производот е добро формулиран со ефективни состојки, тогаш е добар производ и цената е неважна. Некои производи се поскапи за произведување, на пример Fairtrade им плаќаат фер цена на работниците, па тоа може да биде поскапо од производиството на производите кои не спаѓаат под Fairtrade. Дали производот е подобар? Можеби не. Дали вреди за цената која ја има? Ние велиме да.

4. ШИШАЈТЕ А КОСАТА ЗА ДА РАСТЕ ПОБРЗО
Ммм... не. Косата расте од коренот, не од врвовите. Оштетената коса најчесто се свои на врвовите,  па тоа продолжува нагоре кон коренот. Па така, кратењето на врвовите ќе направи вашата коса да изгледа поздраво и побујно, но нема да расте побрзо.

5. АКО ПРОИЗВОДОТ ВИ ЈА ГОРИ КОЖАТА, ТОГАШ ДЕЈСТВУВА
Ауч, не! Ако вашата кожа гори тогаш ви кажува дека е иритирана, измијте го производот веднаш!

6. ТРЕБА ДА ИЗБИРАТЕ ПРОИЗВОДИ ЗА НЕГА НА КОЖА ВРЗ ОСНОВА НА ВАШАТА ВОЗРАСТ
Погрешно! Треба да избирате производи за нега на кожа врз основа на проблемите кои саката да ги третирате. Жените од различни етнички групи имаат различни знаци на стареење на различна возраст. Дополнително, вашиот тип на кожа диктира какви призводи треба да користите - дваесет годишна личносто со мрсна кожа не треба да ги користи истите производи како дваесет годишна личност со многу сува кожа. Одберете производи врз основа на типот на вашата кожа, не на возраста.

7. ПИЕЊЕТО ВОДА ЌЕ ГИ РЕШИ ПРОБЛЕМИТЕ СО СУВА КОЖА
Точно е дека водата е добра за зравјето на вашата кожа (и за вас генерално), но не е точно дека пиењето многу вода ќе и ја обезбеди потребната хидратација (освен ако не сте многу дехидрирани). Додајте и влажност на сувата кожа со дневен и ноќен крем, лосион или масло.

8. ИСПРОБАЈТЕ ЈА ТЕЧНАТА ПУДРА НА ЗГЛОБОТ 
Освен ако не сте премногу бледи, кожата на зглобот е најчесто значително посветла од кожата на лицето. Испробајте ја пудрата на виличната коска ако сакате да изберете нијанса која најмногу ќе ви одговара.

9. МОЖЕТЕ ДА ГИ НАМАЛИТЕ ПОРИТЕ
Не можете да ги отворите ни затворите порите, или да ги намалите - за жал! Но, тоа што можете да го направите е да ги исчистите нечистотите кои прават да изгледаат поголемо. Чистете го лицето со апарат за чистење и ќе изгледаат значително пофино.



Текст: Фотографии: Shutterstock