Зошто му е и него потребна рутина за нега на кожа?

Една од најважните работи што еден маж може да ја направи за својот убав изглед е негата на кожа. За да му помогнеме, издвоивме 5 најважни совети за неговите совршен изглед.

ЧИСТЕЊЕ
Само затоа што не отстранува шминка, не значи дека и нему не му е потребно чистење на лицето на почетокот и крајот на денот - но сапун не е соодветен! Сапунот за раце е направен само за тоа, вашите раце, и може да ја исуши и изиритира кожата кога се користи на лицето.

Преку ноќ, бакктериите и мртвите клетки се собираат на кожата и треба да се отстранат. па, бидејќи машката кожа произведува повеќе себум од женската, неопходно е кожата да се исчисти наутро за да се превенира затнувањето на порите.

А навечер? Па само затоа што не ја чувствувате кожата масна или валкана, не значи дека не е. Миењето на кожата со средство за чистење ќе ги отстрани нечистотиите и маснотиите што се насобираат во текот на денот, а тоникот ќе го исчисти она што останало.

Пробајте:
NovAge Men Пилинг-гел за чистење лице

 

КРЕМ ЗА ОЧИ
Кожата околу очите е посува од другиот дел од лицето. Кремот за очи ќе ги таргетира знаците на стареење, ќе ги намали отоците и темните кругови, како и тенките линии.

Потоа нанесете: NovAge Men Гел за очи

ИНТЕНЗИВЕН ЕФЕКТ
Хормонот тестостерон прави машката кожа да биде околу 25% подебела од женската. Но, како што мажите стареат, така и нивната кожа станува потенка о брчките стануваат видливи. Серумите имаат силна концентрација на антиоксиданти и витамини, па бидејќи имаат полесна текстура, можат да ги достават овие позитивни придобивки подлабоко во кожата за подобри резултати.

Препорачуваме: NovAge Men Хидратантен серум

ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ
Мажите имаат поголема густина на колаген од жените, што објаснува зошто кај нив знаците на стареење се појавуваат подоцна во животот. Но, затоа што мажите најчесто не обрнуваат внимание на заштитата од сонцето, им се појавуваат тенки линии, брчки и темни дамки, што го исклучува нивната природна хормонална предност. За среќа, повеќето дневни креми имаат СПФ 15 или повеќе што ќе ги заштитат од УВ-зраците.

Основна заштита: NovAge Дневен крем за напредна заштита со СПФ 50 УВА/ПА++++

 

ДНЕВЕН И НОЌЕН КРЕМ
Машката кожа е посува, погруба и посклона кон воспаленија од женската - не е тајна дека растот на влакната и редовното бричење често предизвикуваат иритации. Дневниот крем ќе ја хидрира кожата и ќе служи како бариера против надворешните агресори, додека пак ноќниот крем ќе и помогна на кожата да се негува и обнови во текот на ноќта. Здравата добро хидрирана кожа е исто така полесна за бричење.

Комплетирајте ја рутината со: NovAge Men Гел-лосион за лице

Текст: