Како да бидете посреќни!

Дури и најсреќните луѓе не би одбиле да бидат уште посреќни. Еве 10 совети како да го направите вашиот свет уште повесело место.

1. ВЕЖБАЈТЕ
Кога вежбате, вашето тело ослободува ендорфини, хемиски елементи кои ве прават посреќни и ја намалуваат болката. Правилното вежбање исто така ќе го намали нивото на стрес-хормонот кортизол, а вие ќе бидете посмирени и посреќни.

2. СПИЈТЕ
Дали знаете дека негативните чувства настануваат од еден дел од мозокот, но исто така и од позитивни и негативни сеќавања? Истражувањата покажуваат дека кога не спиете доволно, вашиот мозок се потпира на лошите спомени и емоции и ги блокира среќните. Затоа, повеќе сон = поубави мисли.

3. ДРУЖЕТЕ СЕ
Ние луѓето сме друштвени суштества. Дури и интровертите по природа се посреќни кога се опкружени со пријателите или семејството, а истражувањата покажуваат дека друштвените луѓе се поздрави и живеат подолго. Затоа, јавете му се на некој близок и поканете го на дружење уште денес.

4. ПОБАРАЈТЕ ГО СОНЦЕТО
Кога е сончево, нашите тела произведуваат повеќе серотонин, хемиски елемент кој го подобрува расположението. Поминете 20 минути надвор на сонце и веднаш ќе се разведрите.

5. ПРОНАЈДЕТЕ ПРИРОДА
Излезете во природа, без разлика дали ќе прошетате во шума или ќе работите во дворот. Тоа позитивно ќе влијае на тоа како се чувствувате. Всушност, постои верување дека колку повеќе гледате зелено, толку сте поздрави.

6. ПОМОГНЕТЕ ИМ НА ДРУГИТЕ
Знаете како велат: подобро е да даваш отколку да примаш? Е, па, во тоа има вистина. Има голем број на докази што потврдуваат дека ќе бидете посреќни кога ќе посветите време, или ќе споделите нешто со некој друг.

7, ТРОШЕТЕ НА ИСКУСТВА
Докажано е дека трошењето пари на активности, како на пример вечера со пријател или театар, ќе ве направат посреќни отколку да трошите пари на материјални работи - баталете ги чевлите и наместо тоа поканете пријател на кафе.

8. СМЕЈТЕ СЕ
Нека ви текне на некои пријатни сеќавања, насмевнете се и веднаш ќе ви се подобри расположението. Дури и ако не сте во форма, присилената насмевка може да ве разведри.

9. МЕДИТИРАЈТЕ
Редовната медитација докажано го ослободува стресот и ќе ве направи поздрави. Симнете апликација за медитација или придружете се на локална група.

10. КАЖЕТЕ БЛАГОДАРАМ
Пред да одете в кревет, запишете си три работи за кои сте благодарни - без разлика колку се мали или големи. Или пак, пробајте да ги споделите работите за кои сте благодарни со пријател или со вашиот партнер - навраќањето на позитивните мигови од денот ќе ви го подобри расположението.

Текст: Фотографии: Getty Images