Мапа на лицето: што се обидуваат вашите мозолчиња да ви кажат

Дали постојано ви се појавуваат мозолчиња на истото место ? Според старата кинеска традиција на мапирањето на лицето вели дека местото на кое ви се појавуаат проблеми со кожата е директно поврзано со вашето здравје. Па на пример, ако тоа мозолче од ново висе појавува на брадата, може да значи дека има проблем со вашите бубрези. Еве кое место какво значење има.

НА ЧЕЛО
Ентузијастите за мапирање на лицето веруваат дека челото ги рефлектира здравјето на нервниот и дигестивниот систем. Мозолчињата на челото значат стрес, па затоа обидете се да се опуштите со вежби како јога или медитација. Исто така за да го подобрите варењето на храната пијте го препорачаното количество вода и додајте храна од цели зрна, овошје и зеленчук во вашата исхрана.   

МЕЃУ ВЕЃИТЕ
Доколку имате проблем со кожата меѓу веѓите, тогаш можеби имате проблем со рамнотежата во бубрезите, стомакот или црниот дроб. Обидете се да го намалете количеството алкохол, јадењето храна полна со нездрави маснотии и пушењето бидејќи овие навики може да ги оптоварат овие органи. Исто така бидете внимателни и проверете дали имате нетолеранција кон млечни производи и житни култури.  

НА НОСОТ
Личностите кои рактикуваат  мапирање на лицето сметаат дека носот го одразува системот за дишење, поточно белите дробови и срцето. Проверете го крвниот притисок и потрудете се да јадете храна со низок гликемичен индекс доколку ви се појавуаат мозолчиња во таа област. Исто така, пробајте да ги замените месото, кафето, алкохолот и зачинетата храна со полесни алтернативи. 

НА ДЕСНИОТ ОБРАЗ
Кинеската медицина многу често зборува за левата и десната страна на телото. Ако ви се појавуаат мозолчиња на десниот образ, можеби на вашите бели дробови им треба помош. Редовни кардио-вежби можат да ви помогнат, а исто така препорачливо е да не пушите! Десниот образ исто така е поврзан со внесот на шеќер, па затоа намалете го внесот на чоколади и слатки.

НА ЛЕВИОТ ОБРАЗ
Левиот образ е поврзан со црниот дроб, па затоа избегнувајте алкохол и масна храна доколку често ви се појавуаат мозолчиња таму. Здрава исхрана и животен стил ќе му помогнат на црниот дроб да работи правилно.

НА ОБРАЗИТЕ БЛИСКУ ДО НОСОТ
Проблемите во оваа област може да значат проблем со рамнотежата во тенкото црево, па избегнувајте многу ладни пијалоци и пробајте да следите дневник на исхрана за да можете да откриете кои производи ви создаваат проблеми. 

НА БРАДАТА
Вашата слезина, дигестивниот систем или бубрези може да се предизвикувачи на овој проблем со кожата, па затоа потрудете се да се храните, да вежбате редовно и да живеете здраво. Дамките на вашата брада может да значат и проблем со хормоните, особено доколку се појавуаат пред почетокот на вашиот менструален циклус - консултирајте се со дерматолог што би можел да ви помогне и да ве советува за третман.

НА ВИЛИЧНАТА КОСКА
Мозолчињата во оваа област можат да се поврзат со дигестивниот систем и дебелото црево, па затоа потрудете се во вашата исхрана да вклучите храна богата со влакна и да пиете големи количества вода. Ова исто така може да се поврзе и со проблеми со забите, па затоа потрудете се да одите на редовни стоматолошки прегледи и да водите соодветна хигиена. Исто така, доколку ви се појавува "брада од мозолчиња", тоа може да е знак за проблем со хормоните - консултирајте се со дерматолог доколку проблемот се повторува подолго време. 

СОВЕТ НА ЕКСПЕРТОТ ЗА КОЖА, МЕЛИНА ГАЛЕАДИ
“Покрај зсравиот начин на живот, рутината за нега на кожа ќе ви помогне да ги таргетирате специфичните проблеми и е задолжителен дел за одржување на здравјето на кожата. Чувајте ги телефоните и четките за лице чисти, избегнувајте често да го допирате лицето, и исто така погрижете се дланките да ви бидат чисти кога нанесувате производи за нега се неколку лесни и брзи начини да ја намалите појавата на мозолчиња на лицето. А доколку добиете ненадејна појава на мозолчиња, проверете дали можеби тоа е реакција на некој од производите кои ги користите - може многу често да се случи. Оние пак кои имаат проблеми со мозолчиња долго време, треаб да се консултираат со дерматолог кој ќе им помогне да го најдат коренот на проблемот и да го решат.”







Текст: Фотографии: Oriflame