Среќен Ден на планетата Земја од Oriflame!

Одбележувањето на Денот на планетата Земја е начин да се покаже поддршка за заштита на животната средина. За нас тоа е уште една можност да размислуваме за нашата прекрасна планета и светот во кој сакаме да живееме. А ние како компанија едноставно го сакаме овој ден!

Во Орифлеим, ја почитуваме природата
и го цениме сето она што ни го обезбедува - зелени шуми, чиста вода, свеж воздух, плодна почва и многу повеќе. Разбираме колку е важно да направиме се за да ја спасиме нашата планета и посветени сме да станеме одржлива компанија.

Ова се рефлектира со голем број иницијативи - од избор на одржливи и рециклирани материјали за пакување  до нови подобри и почисти формули за нашето портфолио на производи. Се грижиме за намалување на испуштање на штетни гасови и  балансираме со еднаков број иницијативи за заштита на климата и јаглеродни кредити.

Секој ден размислуваме за нови начини да заштедиме вредни ресурси.


Како го славиме Денот на планетата Земја во 2023 година?

Ние сме среќни да ви кажеме за новиот и подобрен печатен каталог на Орифлеим. Тој беше редизајниран имајќи ја предвид нашата планета - неговиот помал формат е подобар за природата! Овозможува поефикасна употреба на хартијата, со помалку отпад, заштедувајќи важни ресурси. Може да помогне да заштедиме над 1.000 тони хартија!

Бидете сигурни дека овие промени само ќе го надградат вашето искуство со Орифлеим како наш клиент и партнер. Новиот дизајн се совпаѓа со еКаталогот – за да можете беспрекорно да се префрлате помеѓу различни медиуми на Орифлеим.

И уште една поволност! Се вклопува во секоја чанта - што е совршено за кога сте во движење.

И сега ќе бидете уште позадоволни да го разгледате нашиот каталог - знаејќи дека тоа ни помага да заштедиме ресурси!

 

Среќни сме што го прославуваме Денот на планетата Земја со вас и нашиот нов каталог! Секогаш ќе продолжиме да бараме нови начини да го избегнеме загадувањето и непотребниот отпад, да ја зачуваме биолошката разновидност и да бидеме еколошки одговорни.

 

Среќен Ден на планетата Земја!