Основачите на Орифлеим

За Орифлеим

Компанијата е основана во 1967 година од двајца браќа Jonas и Robert af Jochnick и нивниот пријател Bengt Hellsten. Орифлеим прерасна во интернационална козметичка компанија за директна продажба во 62 земја ширум светот. Нашата широка палета производи базирани на природни и иновативни состојки се дистрибуира со посредство на 3,3 милиони независни консултанти кои носат вкупен годишен приход во износ поголем од 1,3 милијарди евра.

Орифлеим нуди и единствена деловна можност на луѓето кои сакаат веднаш да почнат да заработуваат и да работат на остварување на личните соништа и цели преку уникатен бизнис концепт - Заработете денес за да ги остварите соништата утре.

Почитта кон луѓето и природата ги означува оперативните принципи на компанијата кои се гледаат и во нашата политика кон општеството и околината. Орифлеим поддржува бројни хуманитарни организации ширум светот и коосновач е на Светската организација за помош на децата. Орифлеим е присутен на Nasdaq OMX, берзата на нордиските земји.

Податоци за компанијата

  • Повеќе од 1,3 милијарди евра годишен приход
  • Околу 3,3 милиони консултанти ширум светот
  • Повеќе од 7500 вработени
  • Годишно производство на 950 производи
  • Коосновач на WCF - Светска фондација за помош на деца
  • Сопствен Глобален истражувачки центар со повеќе од 100 вработени научници
  • Пет сопствени производствени погони во Шведска, Полска, Кина, Русија и Индија
  • Орифлеим е присутен на Nasdaq OMX берзата од март 2004 година 
  • Висококвалитетни козметички производи инспирирани од природата кои не се тестираат врз животни
  • Претставништва во 62 земји од кои 13 се франшизи

Нашата ВИЗИЈА е да бидеме број 1 козметичка компанија за директна продажба во светот.

Нашата МИСИЈА е да ги исполнуваме соништата.

Сродни документи

Fact sheet 2009 (Eng)